Џенифер Анистон призна дека имала лажен профил на Инстаграм

Сподели со своите пријатели

Актерката Џенифер Анистон неодамна се појави на Инстаграм со свој профил и привлече големо внимание на јавноста, бидејќи прими еден милион следбеници во рекордно време, а призна дека имала лажен профил некое време во емисијата „Jimmy Kimmel Live“.

Loading...

„Во време кога размислував да се придружам на заедницата Инстаграм, сфатив дека пред сè, треба да го разберам тој свет и да нурнам во светот на социјалното вмрежување“, рече Анистон.

Бизнис Инсајдер пишува дека Анистон не е прва славна личност што користела лажен профил на социјалните медиуми.

Нејзината именичка Џенифер Лоренс минатата година изјави дека нема јавен профил на социјалните мрежи, но дека е како нем набљудувач.

„Гледам, но не зборувам“, изјави Лоренс за магазинот „InStyle“.

Не е познато колку познати личности ги користат социјалните мрежи како што направила Џенифер Анистон. Она што е сигурно е дека нејзината стратегија е ефективна, така што Анистон има повеќе од 15 милиони следбеници на оваа популарна социјална мрежа.

https://www.instagram.com/p/B3scmO3hAcK/?utm_source=ig_embed

Leave a Reply