Џенифер Анистон го урна Инстаграм, па им се извини на сите

Сподели со своите пријатели

Џенифер Анистон конечно се приклучи на Инстаграм со слика на која е целата екипа на „Пријатели“. Секако, објавата веднаш стана хит и го собори рекордот на Инстаграм, но исто така ја сруши и самата мрежа. 

Loading...

Актерката постави селфи за својот прв пост, на кој учествуваат колеги од популарната серија.

https://www.instagram.com/p/B3o8vWDhlOh/

Сите беа таму, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Кортни Кокс, Дејвид Швимер и Метју Пери, а за 12 дена доби 12,4 милиони лајкови. Џенифер веќе има неверојатни 12 милиони следбеници.

Кога се појави сликата, таа предизвика општо нарушување, па многу корисници сметаа дека е невозможно да пристапат до нејзиниот профил, а официјално соопштение дојде од Фејсбук, сопственикот на социјалната мрежа Инстаграм. И Џенифер исто така се извини за проблемот.

„Се колнам, не сакав да го срушам …“, пишува таа во својот нов пост, кој има и повеќе од 11 милиони прегледи.

https://www.instagram.com/p/B3scmO3hAcK/?utm_source=ig_embed

Патем, Џенифер собори уште еден рекорд на Инстаграм што го држеа пред неа принцот Хари и Меган Маркел – нејзиниот профил , по отворањето, достигна 1 милион луѓе за 16 минути, а кралскиот за 45 минути.

Leave a Reply