Постојат неколку показатели дека на вашето бебе му е топло и „бараат“ помош.
Тоа што не знаат да зборуваат, не значи дека нема да ви покажат дека им е топло и дека морате да ги раскомотите или однесете во некоја попријатна просторија.
На вжештен паркинг мајка си го ставила бебето во автомобил
Постојат неколку показатели дека на вашето бебе му е топло и дека треба нешто да сторите:
Забрзано дише? Брзото дишење е јасен симптон на прегревање.
Главата и вратот се влажни? Повеќе од извесно е дека се поти поради прекумерната топлина.
Сте забележале осип на телото или дека лицето му е црвено? Раскомотете го бебето што побрзо.
СНАОДЛИВОСТ НА ДЕЛО: Погледнете како овој тако го заспа бебето за минутка (ВИДЕО)
Кога ќе ставите рака на градите на бебето чувствувате топлина? Тоа е сигурен знак дека му е претопло.
Не може да заспие, се превртува, плаче? Многу веројатно дека за тоа е виновна високата температура на воздухот.
Image by PublicDomainPictures from Pixabay