9 европски земји планираат големи инвестиции во ветерни електрани

Сподели со своите пријатели

Земји членки на North Seas Energy Cooperation планираат големо зголемување на производството на електрична енергија од офшор ветерни електрани во текот на следните децении, како дел од напорите за борба против климатските промени и за постигнување независност од увозот на фосилни горива, особено од Русија.

Loading...

Германските власти соопштија дека членовите на организацијата имаат намера да го зголемат производството на ветерна енергија во регионот на 76 гигавати до 2030 година.

Следните цели се 193 гигавати ветерна енергија од Северното Море до 2040 година и 260 гигавати до средината на векот.

Германското Министерство за економија и енергетика соопшти дека моменталниот производствен капацитет во регионот е помал од 20 гигавати.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проруски сепаратистички регион: Демонстранти насилно го окупираа парламентот, најавија рушење на владата

Обединетото Кралство има свои планови за офшор ветерни електрани

Членки на енергетската соработка на Северно Море се Белгија, Данска, Франција, Германија, Ирска, Луксембург, Холандија, Норвешка и Шведска.

Обединетото Кралство, кое има значајни сопствени планови за производство на ветер на брегот, не е членка на групата откако ја напушти Европската унија во јануари 2020 година.

Минатиот месец, седум европски земји кои се граничат со Балтичкото Море се обврзаа на седумкратно зголемување на производството на енергија од офшор ветерни електрани до 2030 година.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...