7 работи кои родителите треба да ги научат своите деца за да израснат во силни луѓе

Сподели со своите пријатели

Многу родители често се наоѓаат во ситуации кога сакаат да му помогнат на своето дете, но се плашат дека ќе ги влошат работите ако се мешаат.

Loading...

Совршено е нормално и природно за родителите да сакаат да ги заштитат своите деца, но постојат некои ситуации кога мораат да ги пуштат децата самите да ги тераат своите работи. Родителите можат сам да ги поддржат и да ги научат како да се носат со различни предизвици, за да можат во иднина самите да се заштитат.

Седум работи кои родителите мораат да ги научат своите деца:

  1. Научете го детето да каже „НЕ“

Проблем: Другар од одделението бара од детето да дозволи да мамат за време на тестот. Ако вашето дете се сложи да помогне, наставникот ќе добие 2 идентични одговори и ќе ја намали оценката за двајцата ученици.

Решение: Објаснете му на вашето дете дека така се омаловажува себе и сопствениот напор, затоа што минало доста време подготвувајќи се за тест, а сега некој сака да го корсити неговото знаење за своја корист. Кога ќе го научите своето дете да каже „не“, тоа ќе знае да каже и „Се уште не сум завршил. Не ме вознемирувај.“. Таквата рационална реченица ќе овозможи на вашето дете да се чувствува сигурно и никој нема да може да манипулира со него.

  1. Научете го детето да стане кога ќе падне

Проблем: Учениците од одделението на вашето дете секогаш ќе најдат некого да задиркуваат и исмеваат, а тоа може да биде и вашето. Ова доведува до тоа вашето дете да посака да не оди на училиште поради емоционална болка која му ја предизвикуваат други ученици.

Решение: Во такви ситуации, родителите не смеат директно да се мешаат во конфликтот за да не ги влошат работите. Објаснете му на дететот дека малтретирањето на кое е изложено е само начин на кој останатите деца сакаат да изгледаат кул. Ако детето се смее додека ги гледа оние кои го вознемируваат директно во очи, покжува дека не му е гајле, па остатокот од екипата ќе изгуби интерес затоа што повеќе нема да ја гледа реакцијата каква што ја очекува.

  1. Оценките не се најважната работа

Проблем: Секој пат кога вашето дете ќе добие лоша оценка, тоа започнува да плаче затоа што не успеале подобро да се занимава со таа задача. Децата се плашат да кажат на своите родители за оценката затоа што не сакаат да бидат казнети.

Loading...

Решение: Многу родители прават нивните деца да се плашат од лошите оценки, а тоа и самите да не го сфаќаат. Секако, стекнатото знаење е важно, но децата не смеат да се плашат да покажат лоша оценка. Родителите не би треало да викаат на своите деца или да ги казнуваат поради лошите оценки. Покажете му на вашето дете дека вашата љубов е над нивните достигнувања. Само кажете: „Не си успеал да добиеш добра оценка? Не вознемирувај се. Ќе добиеш следниот пат“.

  1. Научете го детето да помогне и да ги брани оние кои се послаби

Проблем: детето вели дека неговите другарчиња од одделението малтретираат некое момче. Вашето дете знае дека тоа не е во ред, но не знае како да помогне и се плаши да се обиде.

Решение: Многу деца се плашат да ги одбранат оние кои се послаби затоа што не сакаат да ризикуваат да станат уште една жртва. Возрасните чувствуваат ист страв кога ќе видат дека луѓето ги навредуваат лицата од пониските социјални групи. Затоа на детето морате да му објасните дека е многу важно да се сложите и да бидете подготвени да му помогнете. Прашајте го своето дете да ви помогне во домот и нека биде одговорно за нешто: за помлада сестра/брат или домашен миленик.

  1. Научете го детото да го сака она што го работи

Проблем: Постојата рутина на училиште, атлетски клубови, тутори и домашни задачи го прават вашето дет еуморно и исцрпено. Се што тие сакаат е да се опуштат или времето да го поминат со другарчињата.

Решение: Родителите сакаат нивните деца да бидат среќни и да постигнуваат извонредни резултати, затоа го потполнуваат распоредот на своето дете со што повеќе активности. Но, ваквиот пристап им покажува на децата дека само оние работи кои ги сакаат можат да им донесат радост и успех. Детето нека помине еде час дневно правејќи го она што го сака, играјќи игри, занимавајќи се со спорт или уметност.

  1. Научете го детето дека вежбањето е дел од животот

Проблем: Вашето дете е премногу срамежливо и резервирано? Затоа сака да остане дома, наместо да се дружи со останатите деца.

Решение: Предложете му на своето дете да започне да тренира некој тимски спорт. Група деца која има исти интересирања ќе има добро влијание на вашето дете. Спортот допринесува за зголемена доверба на вашето дете. Родителите не смеат да заборават дека мора да се сетат на желбите на своето дете и дека треба да му овозможат само да избере активности кои навистина ги сака. Ако вашето дете сака да танцува, дозволете му да го прави тоа, не терајте го да тренира тенис. Инаку ќе започне да мрази се што има врска со спортот.

  1. Научете го своето дете да се сака онакво какво што е

Проблем: „Таа има убава коса, тој има убави очи, а јас сум грда“. Порано или подоцна, сите деца започнуваат да се споредуваат со другите и тоа може да стане проблем во иднина.

Loading...

Решение: Сите деца без оглед на полот, сакаат да бидат атрактивни и талентирани. Не заборавајте да му кажете на своето дете дека е убаво. Вкавите примери покажуваат дека она што не прави убави не е нашето совршенство, туку доа што сме единствени.

Leave a Reply