Не можете да го поднесете звукот на алармот рано наутро или сончевите зраци кои продираат во собата? Па, тоа може да се промени!
Само затоа што не сте „утрински” човек не значи дека не можете да си создадете утрински режим, кој ќе ве стане рано како со песна на птица.
Советите подолу ќе ви помогнат да се претворите во “најдобриот пријател на утрото”, што само по себе ќе го направи секој ваш ден исполнет и позитивен.
Кој звук на алармот е најдобар за будење?
1. Истегнување
За време на спиењето телото се наоѓа во неподвижна состојба со часови, што често доведува до фаќање на некој мускул или болки во текот на целиот ден.
Затоа е важно секое утро да посветувате по неколку минути за истегнување. Ова може да послужи како утринско загревање и да ве подготви за долгиот ден
2. Наместо млечни производи на појадок, земајте протеини
Млекото со мусли е меѓу најчесто консумираната храна за појадок, но дефинитивно не е и најдобар избор.
Храната е горивото, со кое го полниме нашето тело. Затоа е исклучително важно правилно да ги одбереме хранливите материи кои нè држат активни во текот на целиот ден. Обидете се со богат протеински појадок – на пример јајца.
Така вашето тело ќе работи напорно за да ја преработи храната што, од друга страна, ќе ви ги држи очите отворени и ќе ве набави со енергијата што ви треба.
3. Подгответе се за утрото од претходната вечер
Трошењето на неколку минути навечер за подготовките за следниот ден може да ви спаси значително време наутро.
Луѓето што имаат потешкотии со будењето се поинтелигентни
Секоја вечер пред да се нурнете под покривката, одвојте малку време, за да изберете облека за следниот ден и направете си краток список со работите кои треба да ги завршите.
Ова не само што ќе ви заштеди време, туку и ќе ве избави од утринската паника во која запаѓате
4. Спортувајте рано наутро
Спортот нè прави здрави, посилни и во општи линии ни ги зголемува деновите на оваа земја. Ова е тврдење на милиони доктори, гуруа, психолози и воопшто секакви експерти во здравствената сфера.
ЗАБОРАВЕТЕ НА КАФЕТО: Ова е најефикасниот начин за будење
Ако имате потреба од уште една причина, погледнете ги сите успешни и познати луѓе кои вежбаат пред појадок.
Примери се Ричард Брансон и Лорд Алан Шугар. Не само за да изгледате добро, но и за да се чувствувате добро во текот на целиот ден – почнете да се движите рано наутро.
5. Разбудете се во добро расположение.
Силното зуењето нема да ви помогне да се разбудите од “вистинската страна од креветот”. Со други зборови, тоа е доволна причина да го мразиме станувањето рано и да се будиме во лошо расположение.
Кошмарите се пораки од нашите соништа дека нешто не е во ред
Затоа пробајте кога ќе поставите аларм да изберете омилена мелодија наместо непријатен шум. Така ќе се разбудите од сон на еден многу пријатен и лесен начин, а мислата за претстојниот аларм нема да е така страшна.
6. Чаша со вода на гладно
Пресушената уста рано наутро може да биде врвот на ледениот брег. Остатокот од телото ви е исто така дехидрирано по спиење.
Ние ве охрабруваме да го започнете денот со чаша вода – тоа е најосвежувачкото будење за вашите мускули и органи.
Што му прави првата утринска цигара на организмот?
7. Станете од креветот со позитивен став
Психичкиот нагласок на човек не е нешто материјално, но дефинитивно е нешто најценето. Позитивното расположение е она што може да го направи целиот ден различен, особено ако сте се разбудиле со него.
Ако со будењето наутро вашите мисли се позитивни и си кажете “Ќе имам еден одличен ден” ќе ставите една позитивна нота која ќе ве следи како тон во текот на целиот ден.