23 милиони денари им се потребни на кумановските училишта за струја и гас

Сподели со своите пријатели

Вкупно 23 милиони денари ќе им недостасуваат на основните и средните училишта во Куманово за да можат да си ги платат сметките за струја и гас кои се сѐ повисоки.

Loading...

Ова стои во информмацијата која денеска надлежните служби од Општина Куманово го доставија до Советот по основ на побарана анализа за енергетската состојба на институциите на локално ниво.

Но, тоа е можна проекција, истакна советничката Елена Доцевска и Божиновска, кој додава дека тие трошоци се само за електрична енергија и гас, и сумата може да биде и поголема, ако се земе предвид набавката на нафта или огревно дрво за одредени училишта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

 

Кризата може да го втурне ЈП „Чистота и зеленило“ во загуба од милион евра

 

– Она што јас го имам како информација е дека со оваа сосотјба од декември 2021 до февруари 2022 година, ако останат вака цените, а знаеме дека се сменети веќе, училиштата би можеле да издржат два најмногу до три месеци, ако не се покачат дотациите, а да не зборуваме за јавните претпријатија и установите, рече советникот Николај Павловски од „За наше Куманово“.

Власта предводена од независната „За Наше Куманово“ и ВМРО-ДПМНЕ вели дека централната власт ја генерирала економската криза со неносење на соодветни политики и сега треба да помогне да се решат овие проблеми.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапе регистрацијата на автомобилите

Од друга страна СДСМ предлага да се крати од капиталните инвестиции за да им се помогне. Дебатата по оваа точка сѐ уште е во тек.

Никола Ивановски