Трамп би можел да ги ублажи санкциите против руската „флота во сенка“

Сподели со своите пријатели

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста за ублажување на санкциите врз бродовите на „флотата во сенка“, кои транспортираат нафта и нафтени деривати од Русија, Иран и Венецуела, објавува Ројтерс повикувајќи се на информирани извори.

Според нив, станува збор за дозвола за транспорт на „легални“ горива, а не руска или иранска нафта, за кои важат ограничувања.

Целта е да се намалат цените на транспортот и да се зголеми извозот на сурова нафта и нафтени деривати од Персискиот Залив.

Компаниите кои сакаат да користат санкционирани бродови ќе мора да побараат дозвола од Министерството за финансии на САД, изјави еден од изворите за Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп размислува за употребата на „мајката на сите бомби“ против Иран

Олеснувањето на ограничувањата „би можело да ослободи мал број дополнителни танкери за кружни патувања“ низ Ормутскиот теснец, но веројатно нема да доведе до општ пад на цените на превозот бидејќи осигурителите сè уште ќе мора да ги почитуваат прописите на ЕУ и Велика Британија, изјавија извори од бродската индустрија за Ројтерс.

Министерството за енергетика на САД уверува дека можните чекори за ублажување на санкциите врз „флотата во сенка“ нема да ѝ помогнат на Русија да транспортира нафта или нафтени деривати.

Високите цени на горивата се ризик за Трамп пред изборите за Конгресот на 3 ноември.

Американскиот претседател претходно ги укина санкциите за руското дизел гориво и дозволи негов увоз на американскиот пазар до 7 април.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Крвава зора во Украина: Руските напади убија пет лица, куќите во пламен (ВИДЕО)

Тој потег предизвика бран критики од одредени републиканци во американскиот Сенат, европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во пролетта оваа година, во екот на војната во Иран и блокадата на Ормутскиот теснец, САД ослободија дел од испораките на руска нафта и нафтени деривати од режимот на санкции.

Кремљ потоа изјави дека стабилизацијата на светскиот пазар е „невозможна“ без „значајни количини“ руска нафта.

Владимир Путин тврдеше дека обидите да се наштети на руската нафтена флота „ќе доведат до општи проблеми, пред сè за оние кои се обидоа, извинете за изразот, да ни наштетат нам“.