Вкупно 14 точки ќе се најдат на дневен ред на утрешната 22та седница на Советот на Општина Куманово.
Меѓу точките по кои ќе расправа советот ќе се најдат финансиски извештаи и предлог одлуки поврзани со работата на повеќе јавни претпријатија од градот, извештај за работата на инспекциските служби, но и полициската станица.
Седницата започнува во 10 часот во кружната сала на поранешен Комитет и со директен пренос на ТВ Плус.
Во продолжение целосниот дневен ред:
1. Информација за превземени мерки и активности во текот на 2022 година на Полициска станица од општа надлежност Куманово;
2. Извештај за работа на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2022 година;
3. Финансиски извештаи/Годишна сметка на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2022 година;
4. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредност на бод во ЈП „Водовод“ – Куманово за 2023 година;
5. Предлог – Одлука за давање согласност за ангажирање на 30 (триесет) работници во ЈП „Водовод“ – Куманово во 2023 година преку агенција за привремени вработувања;
6. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Октомври – Декември 2022 година;
7. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јануари – Декември 2022 година;
8. Извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2022 година;
9. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;
10. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2023 година;
11. Извештај за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2022 година со финансов извештај;
12. Извештај за реализација на Програмата на културни манифестации на Општина Куманово за 2022 година;
13. Извештај за реализирани активности од Програмата за социјална заштита на Општина Куманово за 2022 година;
14. Информација за работа на Сектор за инспекциски надзор – Инспекторат во Општина Куманово за период јули – декември 2022 година.