13 чудни закони од Австралија

Сподели со своите пријатели

Австралија звучи како одлично место за посета, зар не? Замислете ја прекрасната клима, бескрајните плажи и кенгури…

Но, ако не сте добро информирани за законите во Австралија можете да добиете прилична парична казна, а некои од законите се навистина апсурдни.

Дел од бизарните закони во Австралија:

Превоз на повеќе од 50кг компири

Здружението за преработка на компири во Западна Австралија, АТ Western Australia Potato, издејствувала закон според кој инспекторите можат да ве стопираат и да ви го пребараат возилото.

Доколку „нелегално“ превезуваат повеќе од 50 килограми компири можат да добијат казна од 2.000 до 5.000 долари.

 

Loading...

 

Спречување на свадба или сахрана

Според закон, секој кој намерно спречува одржување на свадбените церемонии или погреби и ги малтретира луѓето кои се дел од овие настани, виновен е за криминал.

За овој „злочин“ можете да добиете казна од 10.000 долари или две години затвор.

 

 

Допирање на мали галеби

Постои закон за заштита на дресирани мали галеби кои летаат на подолги релации и пренесуваат пораки и понекогаш учествуваат во локални трки.

Не смеете да ги убиете, повредите, фатите, па дури ни да ги допирате. Казната е 250 долари.

 

Loading...

 

Објавувањето на лажни информации за раѓањето, смртта, врската и вработувањето

Никој не смее во медиумите да објави вест од овој тип доколку тоа не е точно.

Ова се однесува на објавување за раѓање на дете кое се уште не е родено, објавување на смрт за лице кое се уште е живо и слично ситуации. Максималната казна е шест месеци затвор.

 

 

Запрегнување на коза или куче за возило

Навреда е да врзете куче или коза за возило на јавно место, дури и ако сакате само да патувате на тој начин.

Овие животни не смеат да се корситат за влечење и казната за тоа изнесува 800 долари.

Користење правосмукалка ноќе

Од 22 до 7 часот наутро, а до 9 за време на викенд и празници, не смеете да вклучувате правосмукалка дома.

Таквата бучава им пречи на станарите и соседите, а казната е 120 долари. Ако продолжите да го кршите законот, секој следен пат ќе ви наплатат казна од по 30 долари.

 

 

Продавање или изнајмување фрижидери

Ако запремнината на фрижидерот е поголема од 42,4 литри, тогаш не смеете од него да заработувате, не смеете дури ни да го изнајмите. Фрлањето на ваков фрижидер, исто така е предизвик, затоа што првин морате од него да ги извадите сите врати.

Единствен исклучок е ако сите врата можат да се отвораат од внатре или ако е произведен и увезен од Јужна Австралија до 1962 година. Максималната казна е 750 долари.

 

Loading...

 

Преземање било какви активности за „повикување“ на дождот

Според законите во Австралија само лице со псоебна дозвола може да влијае на временските услови и да „креира“ дождовни облаци.

Во спротивно, ќе добиете казна од 1.000 долари или година дена затвор.

 

 

Гатање

Ако предвидувате иднина или на било кој начин се занимавате со гатање, ќе бидете казнети.

Не смеете да користите магија, дури и ако имате добри намери. Казната е 800 долари.

Да не водите сметка за автомобилот и да го оставите со незаклучени врати

Пред да се одалечите од автомобилот, добро проверете дали вратите се заклучени.

Оваа невнимание може скапо да ве чини, затоа што освен тоа што некој може да ви го уркаде автомобилот, ќе платите и казна од 800 долари.

 

 

Loading...

Пеење непристојни песни пред другите

Никој нема право да пее непристојни песни на јавно место, каде има луѓе на кои тоа не им се допаѓа. Исто така, нелегална е упторебата на непристојни зборови и гестови во комуниакција со другите.

Казната е од 10.000 долари или 2 месеци затвор. За повторување на делото, казната е построга, а можете да минете во затвор и половина година.

 

 

Летање змеј или играње игри кои ги иритираат другите луѓе

Да, на јавно местно не смеете да летате змеј.

Кога ќе се одлучите за некоја игра, првин добро размислете дали пречите некому во близина. Казната е 500 долари.

 

 

Loading...

Тргување со пирати

Законот е одобрен во 1958 година и се уште е на сила.

Секој кој гусарите ги снабдева со храна или „кове завери“ со нив чини злодело. Казната е и до 10 години затвор.

Leave a Reply