11 земјотреси за два часа го стресоа Балканскиот Полуостров

Сподели со своите пријатели

Серија земјотреси рано утринава предизвикаа паника кај дел од жителите на Балканскиот Полуостров откако почнале да се тресат подрачјата покрај Јадранското море, пред се Албанија и Словенија со земјотреси од 5 степени по Рихтер.

Loading...

Освен Албанија се тресеа и подрачјата на Црна Гора, Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и дел од Турција.

Најсилниот земјотреси рано утринава бил почувствуван во Албанија со ајчина од 4,9 степени по рихтеровата скала, на длабичина од 10 километри, а истиот во 7:26 бил почувствуван и во Македонија, односно во западниот дел од земјата. Истиот во Скопје и Тетово бил почувствуван со 3-4 степени јачина, а во Битола и Охрид со 3 степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресите подоцна продолжиле на територијата на Словенија, во близина на нуклеарната централа во Кршко, а интезитетот бил 4,8 степени. Потресот бил почувствуван и во други делови од земјата, како и делови од Италија и Хрватска.

Тресења биле почувствувани и на границата меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина и тоа со интензитет од 3,3 степени според Европската макросеизмичка скала.

Засега никој од медиумите на Балканот не пренесе информации за евентуални материјални штети, ниту пак за настрадани лица.

извор: телеграф.мк