Цртежи во пештера сугерираат постоење на вонземјани уште во далечното минато

Сподели со своите пријатели

Многу теоретичари сугерираат на тоа дека развиените древни цивилизации во минатото зад себе оставале докази за своето егзистирање на одредени места, врз основа на она што археолозите се обиделе да го одгатнат од нивните ракотворби.

Loading...

Некои уажуваат на древната камена фигура која била пронајдена во древните рушевини на Маите во Гватемала. Таа скоро совршено, покажува модерен астронаут, изрезбан во камен. Оваа камена фигура била во центарот на многу подрачја на древната цивилизација. Некои тврдат дека боговите биле прикажани на овој начин поради фактот дека тие едноставно биле напредни суштества кои ги посетуваат далечните планети.

Пред неколку години индиските медиуми објавија дека откриле, како што велат, „нешто интересно“ во една пештера во земјата. Во прашање биле специјални слики на камен, а и денес со сигурност не може да се утврди нивното значење.

Слични слики може да се најдат во пештера во близина на централна Индија. Интересно е што кога прв пат ќе ги гледате сликите, многумина забележуваат различни животни. Меѓутоа, содржината ги изненадила истражувачите затоа што овие цртежи прикажуваат кенгури, жирафи и риби, животни кои ја населуваат Индија.

Индискиот археолог др. Багат рекол дека тој и неговиот тим пронашле цртежи кои личеле на вонземјани и сугерирале дека карпата би можела да биде стара повеќе од 10.000 години. Дури изјавил дека сакал да слушне мислење од НАСА и Индиската органозација за истражување на вселената за оваа откритие.

– Наодите укажуваат дека луѓето во праисториско време можеби виделе или замислиле суштества од други планети. Не е прв пат да пронајдеме слики во пештери, но никогаш претходно немаме видено вакви детали, тврди археологот.

Поединци сугерираат дека ова е доказ дека некои други човеколики суштества ја посетиле оваа планета во минатото, но другите не се толку сигурни. Скептиците веруваат дека тоа се само цртежи за кои беспотребно се размислува.

Во секој случај, неспорно е посторењето древни цивилизации на овие мест акои не се истражени во доволна мера.

Loading...

Фото: Wikipedia/Jack Versloot

Leave a Reply