Зошто Русите го прогласија падот на Мариупол? Тоа е игра на Путин?

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин утринава во разговор со министерот за одбрана Сергеј Шојгу, кој беше емитуван на руската телевизија, прогласи победа на руските сили во разурнатиот град Мариупол во јужна Украина.

Loading...

Но, најновото тврдење на Русија дека Мариупол паднал во руски раце не претставува никаква вистинска промена на теренот, според дописникот на Скај њуз од Москва, Ендрју Рот.

 

Зеленски: Украина ослободи 934 населени места

 

Самиот начин на кој беше испратена пораката за падот на Мариупол во јавноста, за време на средбата меѓу Путин и Шојгу, која беше емитувана на руската прорежимска телевизија, сугерира дека ова е претстава за јавноста.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Илон Маск или како имигрант од Јужна Африка го освои Вашингтон?

Имено, на средбата со Путин, Шојгу прочитал хартиен извештај за борбите во Мариупол и изјавил дека градот е „ослободен“, иако реално борбите во Мариупол се уште траат.

„Наредувам да се откаже нападот“

Loading...

Шојгу рече дека „ќе бидат потребни уште неколку дена“ за руските сили да ги победат украинските борци кои даваат отпор од огромната фабрика за челик Азовстал.

 

Хајдаи: Русија контролира 80 отсто од регионот Луганск

 

Состанокот, според Рот, изгледал организиран за да се оправдаат руските сили да се откажат од нападот на фабриката за челик од која украинските маринци и Азовскиот полк пружиле жесток отпор.

Путин го нарече планот за напад на челичарницата „непрактичен“ и театрално најави: „Наредувам да се откаже нападот“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поради нови поплави, училиштата затворени, а откажани возовите во Малага и Тарагона (ВИДЕО)

„Ова е случај кога треба да размислуваме, односно секогаш треба да размислуваме, особено во овој случај, за зачувување на животот и здравјето на нашите војници и офицери. Нема потреба тие да влегуваат во тие катакомби и да ползат низ индустриски погони“, му рекол Путин на министерот за одбрана.

 

Loading...

Хајдаи: Русија контролира 80 отсто од регионот Луганск

 

На Путин очајно му треба некаква победа

Наместо тоа, тој им нареди на руските сили да ја блокираат индустриската област „за да не помине ни мува“.

Најавата за падот на Мариупол е во согласност со претходните предвидувања на западните претставници и аналитичари, кои веќе подолго време велат дека на Путин брзо му треба некаква победа што би можел да ја прослави на големата воена парада во Москва на 9 мај, Денот на победата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ФРАНЦИЈА: Мајката која наводно брутално си ги убила 3-те деца, пронајдена мртва

Имено, руската инвазија на Украина, најблаго речено, не е во согласност со планот за брзо освојување на Киев и соборување на Володимир Зеленски.

Украинците им пружија жесток отпор на руските сили и им нанесоа огромни загуби.