Поголемиот дел од истражувањата покажуваат дека жените плачат почесто од мажите. Во просек плачат 5,3 пати месечно, додека мажите 1,3 пати. Освен тоа, женското плачење во просек трае пет до шест минути, за разлика од машкото кое трае две до три.
Истражувањата на Холандскиот психолог, Ад Фингерхутс од Универзитетот во Тилберг укажале на разликите помеѓу жените и мажите кои почнуваат уште во детството.
Јасно е дека културните фактори играат значајна улога, луѓето почесто плачат во земјите каде плачот е социјално поприфатлив. Научникот, исто така октрил дека повеќе се плаче во богатите слоеви од општеството.
Меѓутоа тој не смета дека мажите помалку плачат само поради прилагодливоста на прифаќањето во социјалните правила на однесување, туку и поради тестостеронот. Тој дошол до сознанија дека пациенти оболени од рак на простата, кои се лечат со супстанци кои го снижуваат нивото на тестостерон плачат повеќе.
На прашањето зошто плачеме сепак не постои јасен одговор.
Луѓето се единствениот вид кој плаче од емотивни причини (некои научници претходно утврдиле дека слоновите плачат кога тагуваат, но тоа не е потврдено).
Поради некои причини, оваа прашање не е доволно истражено. Не знаеме зошто плачеме кога чувствуваме физичка болка. Не знаеме зошто плачеме кога доживуваме емоционална траума или моменти на голема радост.