Зошто мачките не ја сакаат водата?

Сподели со своите пријатели

Дали некогаш сте се запрашале зошто мачките не ја сакаат водата? Зошто се плашат кога ќе се во нејзина близина, но сепак не можат да се одалечат од чешмата која капе.

Тој страв е всаден во мачките во транзицијата од диви кон питоми, во процесот на припитомувањето. Од таму и нивната аверзија кон водата и агонијата на сопствениците при секој обид мачката да ја искапе. Некои дури одбиваат да пијат вода, пишува Пет Магазин.

НАУЧНИЦИТЕ ОБЈАСНУВААТ: Зошто мачките се истегнуваат?

Loading...

Научниците сметаат дека дивите мачки од Азија, Африка и Европа морале да бидат што подалеку од езерото, за да ги избегнат предаторите чиј што плен биле. Од друга страна, оние кои живееле во топлите краеви комотно пливале, затоа што морале, за да се разладат. Такви примероци се редот мачки риболовци.

Овие припитомени избегнуваат вода и мразат капење. Но, необјаснив феномен е зошто толку се фасцинирани од вода која тече од чешма и зошто капењето вода има магнетно дејство на нив. Затоа сопствниците во последно време мачките ги капат во фонтани кои ги купуваат специјално за нив.


ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маск повторно го сака Твитер, акциите на компанијата скокнаа!

Leave a Reply