Лебарките живеат во најмрачните, највалканите агли на планетата, а сега научниците откриле како успеваат да опстанат во такви услови и зошто е тешко да се убијат.
Во нивната ДНК идентификувани се гени кои се заслужни што можат да јадат отвровна храна и што на местата на изгубинети екстремитетит им израснуваат нови.
Американската лебарка (Pariplaneta americana) е една од најголемите видови инсекти кои живеат во близина на луѓето.

Шуј Џан од Институтот за физиологија и екологија на растенија во Шангај ги проучувал и ги идентифицирал гените пораид кои е тешко да се уништат.
Овој вид има вкупно 20.000 гени – колку што имаат и луѓето.
Тие овозможуваат да почуствуваат мирис од храна и да го контролираат внатрешниот систем за детоксикација, така што не можат да се разболат ако јадат отровна храна. Некои им помагаат да се изборат со инфекциите, поради што се отпорни на живот во нехигиенски услови, а некои за да им израснат нови екстремитетити.


