Зошто е добро навечер да испиете чаша вино?

Сподели со своите пријатели

Доколку некогаш сте чувствувале грижа на совест поради калориите кои сте ги внеле со чаша вино, тогаш резултатите од студијата на Универзитетот Алберт во Канада ќе ви олеснат на совеста.

Loading...

Чашата црвено вино, за вашето тело е добра колку и еден час минат во теретана.

Истражувањето го спровел Џејсон Дик од универизтетот и открил дека ресвератрол, состојка на црвеното вино, на телото влијае исто како и вежбањето. Имено, оваа состојка делува така што спречува масните клетки да складираат уште масти.

Резултатите од студијата ги потврдиле и научници од Харвард, кои откриле уште и дека чаша или две вино кои ќе ги испиете навечер можат да ви помогнат да ослабнете.

Судејќи според овие резултати, можете да го намалите ризикот од дебелење за 70 отсто со консумирање една или две чаши дневно, а најдобра опција е црвеното вино токму поради состојката ресвератрол.

Но, за најдобри резултати се препорачува виното да го пиете навечер затоа што така нема да имате желба за грицкање навечер, а тоа е еден од главните виновници за вишокот килограми.

Се уште не сте убедени?

Универзитетот во Данса исто така утврдил дека луѓето кои секојдневно пијат по малку вино имаат помал обем на струкот од оние кои воопшто не го консумираат.

Loading...

Leave a Reply