Клучот за успешен брак изгледа дека не е во добрата комбинација ниту во довербата, па дури ниту во сексот, туку во висината.
Научниците од Универзитетот во Сеул дошле до необичен заклучок дека што е поголема разликата во висината измеѓу парнерите, толку жената е посреќна.
Но, ако за утеха на паровите кај кои разликата во висината е мала, тоа важи само за првите 18 години од бракот, затоа што по овој период ефектот за висината ослабнува и не влијае на среќата на жените.
.До ваков заклучок научниците од Јужна Кореја дошле анализирајќи податоци од 7.850 жени. И во минатото било познато дека дамите преферираат повисоки парнери, но не е испитана врската измеѓу задоволствата на жените и висината на мажите.
Објаснувањето за овој, на прв поглед, необичен заклучок, научниците го гледаат во еволуцијата. Жените сакаат високи момчиња затоа што висината се изедначува со силата, а природно, кога личноста има она што го сака, таа е среќна.
Исто како и за другите работи кои сакаме да ги добиеле, настапува заситување. Сепак, изнедувачки податок е тоа што во овој случај настапува доста касно, дури по 18 години.