Лидерите на земјите од Г7 најавија зголемување на притисокот од санкции врз Русија, вклучително и мерки насочени кон нејзиниот енергетски сектор, според заедничката изјава усвоена на самитот во Франција.
„Ние сме посветени на зголемување на притисокот врз руската воена економија. Во овој контекст, ќе ги зајакнеме нашите санкции, вклучително и оние поврзани со нафтениот и гасниот сектор“, се вели во соопштението.
Учесниците на самитот оценија дека договорот меѓу Соединетите Американски Држави и Иран за деблокада на Ормутскиот теснец отвора простор за дополнително заострување на економските мерки против Москва.
Лидерите на Г7 нагласија дека ќе продолжат со координацијата со цел да ги ограничат приходите на Русија од извозот на енергија, што претставува еден од клучните извори на финансирање за руската економија.
Деталите за новите мерки сè уште не се објавени, но е потврдено дека енергетскиот сектор ќе остане еден од главните фокуси на идните пакети санкции.

