Кумановка ја нападнала својата мајка и ја оштетила покуќнината

Сподели со своите пријатели

Триесет и деветгодишна кумановка била приведена по пријава дека физички ја нападнала својата мајка и оштетила дел од покуќнината.

– На 17.06.2026 во 05:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода М.Ц.(39) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава од нејзината 61- годишна мајка дека околу 03:00 часот во семејниот дом физички ја нападнала и оштетила дел од покуќнината, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова се најдобрите ученици во Куманово и Старо Нагоричане за учебната 2025/26 година (ВИДЕО)