Сподели со своите пријателиХоландскиот лизгач Келд Нојс го освои вториот златен медал на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, откако триумфираше на трката на 1.500 метри. Претходно тој беше најбрз и на трката на илјада метри. Холандскиот олимпиец победи со време од една минута, седум секунди и 95 стотинки. Среброто го освои Ховард Лоренцен од Норвешка, а трет беше Ким Тае-јун од Јужна Кореја. Нојс на овој начин ги обедини титулите светски и олимписки шампион во двете дисциплини./МИА 2018-02-23