ЖРК Куманово убедливо против Стружанка

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово ја продолжуваат победничката низа во домашното првенство, откако викендов на гостински терен го совладаа составот на Стружанка со 14:32.

Loading...

Избраничките на тренерот Краљевски уште од самиот старт прикажаа убедлива игра и веќе до крајот на првото полувреме имаа предност од високи десет гола, односно резултат 5:15.

Второто полувреме иако го играа рутински, сепак имаа 17 погодци, наспроти 9 на домашниот состав.

Најефикасна од составот на Куманово со 6 гола е Леонида Гичевска, а со погодок помалку на листата е и Васка Глигоријадис.

Кај ЖРК Стружанка со шест поени најдобра игра прикажа Магдалена Делиоска, а пет погодоци имаше Теодора Дукоска.

ЖРК Куманово останува на врвот со 14 победи од почетокот на натпреварувањата оваа сезона, без ниту еден пораз.

Следниот натпревар го игра дома во четврток против Кузман Вардар Илинден.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply