Ракометарките на Куманово не бележат пораз ниту по 12то коло од домашниот женски шампионат, а викендов на домашен терен го совладаа составот на Спартак со неверојати 46:17.
Кумановки својата доминантност ја покажаа уште на самиот старт на натпреварот, па на полувреме заминаа со 14 голови во позитива и можеа да здивнат, натпреварот за нив веќе беше добиен.
Вториот дел од средбата го одиграа рутински, а тренерот Симевски им даде шанса на сите ракометарки.
Нјаефикасна кај Куманово беше Леонида Гичевска со 15 гола, а Васка Глигоријадис запиша 9 реализации, по шест погодоци имаат Александра Боризовска и Ана Шарановиќ.
Кај Спартак најефикасни со по четири погодоци беа Мартина Стефановска и Михаела Лазаровска.
ЖРК Куманово и натаму останува на врвот со вкупно 12 победи од исто толку одиграни натпревари.
Ова е воедно последен меч за оваа полусезона, со што кумановки успешно можат да здивнат до следната година.