Женскиот ракометен клуб Куманово вчеравечер на домашен терен го загуби мечот со Хелветиа Алсобендас од Шпанија во рамките на второто коло од Европскиот Челинџ куп со резултат 17:23.
Loading...
“[huge_it_gallery id=’430′]”
И покрај загубениот меч, ракометарките на Куманово сепак покажаа дека се достоен европски противник, пред се во првиот дел од натпреварот, кога не дозволија поголемо водство на шпанските ракометарки.
Првото полувреме заврши со резултат 10:11 во корист на гостинската екипа која во својот состав има далеку поискусни и повозрасни ракометарки. Во првиот дел од средбата ЖРК Куманово имаше реализација на три од четири седмерци, додека гостинките два од три погодоци од линијата за седум метри.
Сепак малиот пад во концентрацијата на играта на кумановки ја препознаа и искористија ракометарките на Хелветиа Алсобендас па во второто полувреме покажаа подобра игра и покрај напорната борба на изабраничките на Ивановски. Натпреварот сепак заврши со победа на гостинскиот состав кој славеше со резултат 17:23, а пред се благодарејќи на совршената одбрана на гостинската голманка, четириесет и тригодишната Михаела Киобану.
Најдобра во редовите на домаќинот беше Александра Боризовска со седум поени, а веднаш зад неа со по три реализирани погодоци се наоѓаат Бранкица Марковиќ и капитенот на екипата Викторија Пеовска.
Реваншот е закажан за 22ри овој месец, кога екипата на ЖРК Куманово ќе гостува во Мадрид.