ЖРК Куманово ја заврши ЕХФ приказната, се враќа со два порази

Сподели со своите пријатели

Два порази изминатиот викенд претрпе составот на Женскиот ракометен клуб Куманово во Швајцарија во рамките на натпреварите од ЕХФ Купот.

Loading...

Првиот меч во кој кумановки имаа улога на домаќин, кумновки загубија со резултат 22:29.

Во првиот дел од средбата кумановки мака мачеа да ја достигнат предноста на швајцарскиот ХВ Херзогенбуцхсее, но без многу успех и на полувреме заминаа со пет голови негатива, која на крајот ги донесе и до пораз.

За најдобар играч на овој натпревар од составот на ЖРК Куманово беше прогласена Сара Богојеска.

Во недела тимот одигра реванш натпревар, во кој домаќин беше вистинскиот домаќин ХВ Херзогенбуцхсее при што Куманово претрпе нов, овој пат поголем пораз, со резултат 31:17.

Со тоа ЖРК Куманово ја заврши својата натпреварувачка сезона годинава во рамките на европскиот ЕХФ Куп.

Следуваат натпреварите во домашното првенство каде кумановки влегуваат со големи аспирации да го повторат успехот од пред неколку години и да освојат двојна круна.

Никола Ивановски

Loading...