ЖРК Куманово го загуби првиот меч во Украина

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово претрпеа пораз на гостувањето кај украински Галичанка Лвов во мечот од 3. коло од ЕХФ Купот со резултат 17:33 и после првиот дуел практично останаа без шанси за пласман во следната рунда.

Loading...

Кумановки имаа сили во почетокот да му парираат на далеку поискусниот противник кој зад себе има 20 учества на европските натпреварувања. Имаа три гола разлика, кога на одмор заминаа со 8:11.

Вториот дел од средбата мина во знакот на Галичанка, кој достигна предност и од 16 голови разлика и моментот кога веќе беше јасно дека Куманово не може да ја стигне разликата.

Најефикасни беа Александра Боризовска и Мила Трајковиќ со по четири гола, а од Украинките, Полјак постигна осум гола, Дмитришин седум.

Реваншот меѓу Куманово и Галичанка се игра утре со почеток во 12 часот.

Никола Ивановски

Leave a Reply