Животни за кои веројатно никогаш немате слушнато (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Постојат многу видови на животни кои живеат на земјата, а за некои од нив можеби и никогаш не сте слушнале.

Loading...

Природата е полна со изненадувања и крие толку многу непознати суштества, а ова се само некои од животните што можеби не сте знаеле и дека постојат.

Емотивна средба на човек и магере го разнежни светот (ВИДЕО)

Лил пика

Ова симпатично животно е познато и како „магичен зајак“. Тоа е вид на цицачи од семејството Ochotonidae, ендемичен вид во северозападна Кина. Фотографите успеале да го фотографираат животното повторно само во 2015 година, по скоро две децении.

Пинокио жаба

Уште ја нарекуваат жаба со зашилен нос. Кога мажјак од овој вид се обидува да привлече женка или се чувствува дека е во опасност, тогаш тој го исправа носот во права линија.

Зошто древните Египќани им се восхитувале на мачките?

Loading...

 

https://youtu.be/MbGoKJk-5Uo

 

Кратконос мајмун

Поради необичната форма на носот, крактоносиот мајмун секогаш кива кога врне дожд. Овој вид е откриен во 2010 година во Мјанмар.

 

 

Loading...

Хондурски бел лилјак

Овие животни од Централна Америка живеат во лисја, јадат овошје и можат да пораснат само до 5 сантиметри во должина.

 

 

Grimpoteuthis (Дамбо октопод)

Ова животно од длабокото море го добило прекарот поради двете перки меѓу нозете што потсетуваат на ушите на летечкиот слон „Дамбо“ од познатиот анимиран филм.

 

Loading...

 

Салпа

Салп или салпа е планктонско проѕирно животно кое се храни со јаглерод диоксид и го апсорбира преку неговото воздушно тело. Веројатно треба да им се заблагодариме на сите затоа што го намалуваат нивото на јаглерод диоксид во водата и воздухот.

 

Loading...

 

Каедиција

Овој скакулец со впечатливи, розови очи во форма на грав живее во планините. Откриен е во Нов Зеланд во 2009 година.

 

Loading...

 

Черакс Пулчер

Черакс Пулчер е шарен вид рак од западна Папуа, Индонезија. Откриен е во 2015 година.

 

Loading...

 

Кинеска албино желка

Овие мали желки ги користат своите долги вратови и цевките во форма на ноздра за да дишат под вода.

 

 

Loading...

Бото

Бото, познато и како делфинот на реката Амазон или розовиот речен делфин, обично се раѓа сив, но на крајот станува розов. Овие делфини не се во пријателско расположение, ниту можат лесно да се обучуваат, па затоа ретко се чуваат во заробеништво.

 

Leave a Reply