Во сообраќајна незгода со смртни последици, вчеранавечер во Скопје, на бул. Борис Трајковски во скопската населба Кисела Вода, животот го загуби Фазли Е. (63) од кумановското село Романовце. Пешакот бил прегазен од автобус на ЈСП, по што починал на лице место.
Loading...
Сообраќајката се случила околу 19:30 часот.
Јавен обвинител и полициски екипи од СВР Скопје изврпиле увид на местото на несреќата, по што телото на починатиот е предадено на обдукција, а автобусот испратен на вонреден технички преглед.
ФОТО: А1он