Жител на Младо Нагоричане со тврд предмет натепал две лица

Сподели со своите пријатели

Четириесет и едногодишен жител на селото Младо Нагоричане бил приведен под сомнение дека со тврд предмет нападнал две лица.

Loading...

– На 09.02.2025 во 23.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(41) од село Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, затоа што со тврд предмет ги нападнал Б.К. и А.К., информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  71-годишен кумановец ја претепал вонбрачната партнерка