Непречено се одвива жетвата во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.
Според Подрачната единица на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, собрани се 90 отсто од вкупно посените 8.713 хектари јачмен, ожнеани се половина од 12.820 хектари пченица, а земјоделците од трите општини целосно ги ожнеале и површинтие под овес, вкупно 901 хектар.
Проценките од терен велат дека условите за развој на есенските жита се поволни и се очекува подобар и поквалитетен принос во однос на претходните години.
Досегашниот тек на жетвата се одвива без прекини, на нивите има доволно механизација и ако се оди според ова темпо се очекува жетвата да заврши наврме, изјави раководителот на Подрачната единица Насер Даути.