Жесток напад на руска територија: Бомбардиран Белогород

Сподели со своите пријатели

Руската воздушна одбрана собори четири ракети над Белгород, на границата со Украина, а во таа прилика е повредена една жена, соопшти денеска гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков.

Loading...

„Нашата воздушна одбрана собори четири ракети над Белгород и регионот Белгород. Се расчистуваат последиците на терен. Веќе е пријавено едно повредено лице. На местото на настанот е испратена брза помош“, напиша Гладков на каналот Телеграм.

Како што наведе, причинета е штета и на два станбени објекти.

Гладков не кажа кој ги испукал ракетите, но во претходните случаи ги обвинувал украинските сили од другата страна на границата, потсетува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост