Жените спијат подобро покрај своето куче отколку покрај мажот

Сподели со своите пријатели

Д -р Кристи Л. Хофман, експерт за животните во Њујорк, спроведе истражување за да открие дали жените спијат подобро покрај своите кучиња или мажи и дојде до интересни резултати.

Loading...

Студијата е спроведена на 926 возрасни Американки, и речиси сите испитаници признале дека полесно заспиваат покрај своите крзнени пријатели.

Како причина за ова, тие наведоа дека кучињата им даваат поголемо чувство на сигурност и удобност, за разлика од мажите.

“Кучињата можат подобро да се прилагодат начинот на спиење на нивните сопственици. Не е невообичаено партнерите да спијат во многу различни времиња и да се разбудат во различно време. Ваквите разлики секако можат да го нарушат сонот”, објаснува Хофман.

 

 

Таа додаде дека делењето кревет со куче можеби нема да влијае на сите жени исто.

Loading...

“Клучниот збор овде е перцепцијата. Оваа студија се базира на поединци кои самите аплицирале за истражувањето”, рече таа.

“На крајот на краиштата, некои кучиња ‘рчат и мора да стануваат да уринираат во текот на ноќта, исто како и мажите. Освен тоа, делењето кревет со големо куче веројатно не е толку забавно како да се дели кревет со мало кученце”, вели таа.