Зголемен број на закани кон муслиманите, Евреите и Арапите во САД

Сподели со своите пријатели

Во последните недели има значително зголемување на заканите кон Евреите, муслиманите и Арапските Американци, изјави државниот обвинител на САД Мерик Гарланд.

Loading...

Во исто време, тој ја повтори посветеноста на американското Министерство за правда за кривично гонење на сторителите на тие закани, според Си-Ен-Ен.

Државниот обвинител на форумот за злосторства од омраза посочи дека е забележан пораст на „обемот и зачестеноста“ на заканите кон споменатите групи, пренесува Танјуг.

Тој го наведе како пример апсењето на студентот на Универзитетот Корнел, Патрик Дај (21), поради заканите што ги објави викендов на форум за дискусија на интернет против еврејските студенти на универзитетот.

Гарланд рече дека Деј е уапсен и обвинет за закана дека ќе убие или повреди Евреи на Универзитетот Корнел и дека денеска треба да се појави пред федералниот суд.

– Како што покажува ова апсење, ние ги фокусираме нашите активности на спречување незаконски закани каде и да се појават, бидејќи Министерството за правда не толерира насилство или незаконски закани за насилство мотивирани од антисемитизам или исламофобија – рече тој.

Тој рече дека основното начело на Министерството за правда е ниту еден човек и ниту една заедница во државата да не живее во страв од насилство поттикнато од омраза.