Вануату денеска прогласи вонредна состојба откако уште еден циклон и земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала ја погодија островската држава на Тихиот Океан со околу 320.000 жители.
Земјотресот бил вчера, на десет километри под морето, во близина на големиот остров Еспириту Санто, покажуваат податоците на Американскиот институт за геофизика (USGS).
Потресот бил со јачина од 5,4 степени.
Центарот за предупредување од цунами со седиште на Хаваи не издаде предупредување за цунами.
Во моментот на земјотресот, жителите на Вануату веќе се засолниле во своите домови поради силните ветрови кои носеле покриви и корнеле дрвја.
Циклонот Џуди помина низ Вануату со ветрови од 200 км/ч. Обилните дождови ги поплавија патиштата, а островот сѐ уште е делумно без струја и комуникации.