Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во петок, 2 мај 2025 година, во 10:30 часот, во областа на Истанбул.
Loading...
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал на 23 километри од градот, а граѓаните велат дека „добро го почувствувале земјотресот“.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 6,3 километри под површината на земјата.
Засега нема информации за материјална штета, а надлежните служби ја следат состојбата.