Уапсен претседателот на Парагвај: Пропадна најголемата банка, 65% од населението остана без пари

Сподели со своите пријатели

Парагвајскиот претседател Сантијаго Пења е соборен и уапсен по колапсот на дигиталната банка Уено, поврзана со неговите поранешни деловни интереси, што предизвика финансиска криза и протести низ целата земја.

Синоќа, 44 од 45 сенатори, вклучувајќи членови на неговата партија, гласаа за негово отстранување, а претседателот на Сенатот Базилио Нуњез изјави дека Пења е прогласен за виновен за „несовесно извршување на должностите“, објави Би-Би-Си.

После тоа, Пења е ставен во домашен притвор.

Сенаторите го обвинија за судир на интереси, манипулација со регулаторниот надзор, пренасочување на пензиските фондови и прикривање на неправилности поврзани со централната банка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ребека Гринспен води во трката за генерален секретар на ОН

Пења, кој до минатата година поседуваше акции во компанијата што ја поседуваше банката, ја негираше вината.

Обвинителката Силвија Маргарита Гонзалез Вестер изјави дека Пења ќе биде испрашуван денес под сомнение за кршење на довербата, злоупотреба на влијание и злоупотреба на средства.

Неговиот адвокат Рикардо Преда ги отфрли обвинувањата како „неодговорни и опортунистички“.

Поради пропаѓањето на банката, која беше запленета од централната банка, околу три милиони граѓани кои чуваа пари во банка останаа без пристап до своите заштеди и пензии, што предизвика протести, особено во главниот град Асунсион.

Потпретседателот Педро Алијана положи заклетва како привремен претседател на земјата и вети дека граѓаните погодени од финансискиот колапс ќе бидат целосно обештетени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планетата се затоплува побрзо од очекуваното. Октомври беше најтопол во историјата!

Тој ќе ја држи оваа позиција до 2028 година.

Сенаторот Рафаел Филикола оцени дека ова е најголемиот корупциски скандал во демократската историја на Парагвај.

Во своето обраќање до нацијата во четврток, Пења изрази жалење и рече дека „никогаш не му била намера да ја предаде довербата на граѓаните“.