Зеленски: Трамп нема официјален план за завршување на војната, подготвен сум за разговори

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека американскиот претседател Доналд Трамп нема официјален план за ставање крај на руската војна против Украина и додаде дека е подготвен за разговори со рускиот претседател Владимир Путин откако ќе се постигне разбирање за завршување на војната, пренесоа украинските медиуми.

Loading...

– Се разбира, и САД, претседателот Трамп и земјите од Европската унија веруваат дека дипломатијата е невозможна без Русија, без Путин. И затоа реков: Подготвен сум ако имаме разбирање за тоа како ќе заврши оваа војна“, им рече Зеленски на новинарите во Киев, пренесе Интерфакс Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп го санкционираше Меѓународниот кривичен суд, Нетанјаху му подари златен пејџер

Кога станува збор за Трамп, Зеленски истакна дека се уште нема официјален план и дека е сигурен дека тоа што е објавено во некои медиуми не е официјален план на американскиот претседател, објави Киев Индипендент.

Зеленски посочи дека има разбирање за насоката на планот, откако разговараше за некои детали со американските претставници пред инаугурацијата на Трамп.

– Нашите тимови ќе работат заедно, не може да има план одвоен од никого, дури ни од Соединетите Американски Држави. Да ги почекаме официјалните преговори и официјалните резултати“, рече Зеленски.

Според медиумите, планот на САД ќе биде претставен на Минхенската безбедносна конференција, која ќе се одржи од 14 до 16 февруари, но пратеникот на Трамп за Украина, Кит Келог, го демантираше тоа, наведувајќи дека Трамп прв ќе го претстави планот, без да даде временска рамка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп го санкционираше Меѓународниот кривичен суд, Нетанјаху му подари златен пејџер

Претставникот на Трамп рече дека Трамп ќе бара решение прифатливо и за Зеленски и за Путин.