Зеленски слави роденден: Емотивна честитка од сопругата Олена

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска го слави својот 45-ти роденден.

Loading...

Најемотивна честитка е онаа што му ја испрати сопругата Олена.

На официјалниот Твитер профил сопругата Олена му го честиташе роденденот на Зеленски со фотографија на која се насмеани.

„Често ме прашуваат како се променивте оваа година.

И јас секогаш одговарам: „Тој не се промени. Тој е истиот. Истиот тип што го запознав кога имавме седумнаесет”.

Но, всушност, нешто се промени: сега се смееш многу помалку.

На пример, како на оваа фотографија.

Ти посакувам повеќе причини за насмевка.

Loading...

И знаеш што е потребно. Сите знаеме.

Доволно си тврдоглав.

Но, најважно е да имаш доволно здравје.

Затоа те молам, биди здрав!

Сакам да се насмевнувам околу тебе засекогаш.

Дај ми ја таа шанса!“

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.