Зеленски: Русија победи во Грузија, а може да победи и во Молдавија

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „Западот треба да признае“ дека Русија „победи“ во Грузија и е на пат да го стори истото и во Молдавија, освен ако „Западот не се откаже од својата реторика дека не сака да ги премине руските црвени линии”.

Loading...

Парламентарните избори во Грузија во саботата беа одбележани со извештаи за прекршување на изборниот процес, пишува Ројтерс.

Опозицијата го оспори нејзиниот исход, а западните сојузници рекоа дека е пријавено

Владејачката проруска партија вели дека победила.

– Мораме да признаеме дека Русија денеска победи во Грузија. Прво земаа дел од Грузија, па ја сменија политиката, власта. И сега (Грузија) има проруска влада – рече Зеленски на англиски во видеото објавено во средата.

Друга поранешна советска република, соседот на Украина, Молдавија, в недела ќе одржи втор круг од претседателските избори, откако проевропскиот актуелен претседател не успеа да обезбеди повеќе од 50 отсто од гласовите.

Првиот круг се одржа истовремено со референдумот за вклучување на аспирациите на Молдавија за влез во Европската унија во Уставот. Гласовите беа за европскиот пат, но со мала разлика.

Гласањето во Грузија и Молдавија беше внимателно следено на Запад и нашироко се сметаше за избор на земјите да го следат европскиот пат или да се вратат во „руската орбита“.

Loading...

Зеленски посочи дека Русија е „на пат“ да спроведе сценарио во Молдавија слично на она во Грузија.

– И ќе го направат, ако, се разбира, Западот не престане со реториката (против) преминувањето на црвените линии. Ако продолжат со оваа реторика, ќе ја загубат Молдавија. За година-две – додаде Зеленски.