Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на самитот за Украина и европската одбрана во Брисел.
Loading...
По пристигнувањето, тој им се заблагодари на лидерите на Европската унија за „силната поддршка“ што и ја дадоа на неговата земја.
„Во текот на целиот овој период, вклучително и минатата недела, бевте со нас“, рече Зеленски по пристигнувањето на самитот во Брисел.
„Ние не сме сами, и тоа не се само зборови, ние тоа го чувствуваме“, додаде тој.
Тој исто така рече дека европските лидери „испратиле силна порака до украинскиот народ, кој тоа го цени“.