Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон според кој секоја година од 1 јануари до 31 јули, младите мажи кои ќе наполнат 17 години ќе се регистрираат како воени регрути.
Loading...
Нивните податоци се внесуваат во Единствениот државен регистар на воени регрути, објавено е на веб-страницата на Врховната рада на Украина, пренесува агенцијата Интерфакс.
Законот бара воените регрути да поминат медицински преглед пред практична комбинирана обука.
Дополнително, воениот рок доброволно се пријавуваат и жени кои се способни за воена служба и кои изразиле желба да служат основна воена служба, пренесува Танјуг.