Зеленски: Ќе го повикам Бајден да разговараме за приемот на Украина во НАТО

Сподели со своите пријатели

По средбата со кандидатот за нов германски канцелар Фридрих Мерц во Киев, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе го покани американскиот претседател Џозеф Бајден да разговара за прашањето за покана на Украина во НАТО, пренесоа денеска украинските медиуми.

Loading...

„Кога станува збор за поканата за НАТО, сè уште е тешко да се разговара со претседателот Трамп бидејќи тој се уште не е во Белата куќа и ги нема сите законски овластувања. Ќе го повикам претседателот Бајден да разговара со мене во блиска иднина, доколку има можност и го покрене само прашањето за поканата за НАТО, бидејќи тој во моментов е актуелен американски претседател и многу зависи од неговата позиција“, рече Зеленски, пренесува Укринформ.

Според него, многу е важно постојано да се комуницира со американската страна.

„Се разбира, за нас е важно да комуницираме и да ги развиваме идните чекори заедно со европската страна. Целосно се согласувам со господинот Мерк, тоа е важно за нас, бидејќи Украина мора да има безбедносни гаранции во иднина“, изјави Зеленски, пренесува Танјуг.

Тој додаде дека не се работи само за НАТО, туку и за економската и геополитичката безбедност на Украина.

Украинскиот претседател се заблагодари на француската страна за трипартитната средба одржана на 7 декември во Париз во Елисејската палата со францускиот претседател Емануел Макрон и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.