Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека пристигнал на територијата на Донбас.
Loading...
Тој на својот Фејсбук профил објави видео кое го снимил пред влезот на Славјанск.
– Традиционално овој ден го славам на првите борбени линии со нашите борци. Денеска сме во Донбас – рече Зеленски во видео пораката по повод Денот на вооружените сили на Украина, кој се слави на 6 декември.
Видеото е снимено на територијата на самопрогласената Доњецката Народна Република, која е под контрола на Киев.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.