Зеленски ги информира претседателите на Франција и Финска за разговорот со Келог

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски телефонски разговараше со претседателите на Франција и Финска, Емануел Макрон и Александар Стуб и ги информираше за неговиот разговор со специјалниот пратеник на американскиот претседател Кит Келог.

Loading...

Зеленски на мрежата Х напиша дека имал многу добри и конструктивни разговори со Стуб, пред се за безбедносните гаранции, набавката на оружје и муниција, како и инвестициите во производството на оружје во Украина, пренесува Укринформ.

„Го информирав за нашата средба. Мораме да дејствуваме заедно: Украина, Америка, Европа. И заедно да бидеме на преговарачка маса. Заедничкиот план и чекорите се основа за праведен и одржлив мир кој на сите ни е потребен и кој дефинитивно ќе го постигнеме“, напиша Зеленски, заблагодарувајќи му се на Стуб за одлучноста и силната поддршка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украинец патувал до Москва за да постави експлозив под руски заглавувач на дронови?

Следеше „долг и многу суштински разговор“ со Макрон, за време на кој Зеленски укажа и на важноста од заедничка акција меѓу Украина, САД и Европа.

„Како и секогаш, разговорот со Емануел беше конструктивен. Јасно ги координиравме позициите, заедничките планови и следните чекори. Разговаравме детално за нашите позиции за безбедносните гаранции. Праведен и траен мир е нашата заедничка цел. Работиме заедно за да го постигнеме тоа, исто како што треба да прават партнерите“, рече Зеленски.

Тој нагласи дека идната безбедносна структура мора да биде силна за Русија никогаш повеќе да не може да нападне никого.