Зеленска: На мировниот план на Киев му треба поголема поддршка од Западот

Сподели со своите пријатели

Сојузниците на Украина на Запад можат да ги премостат одложувањата во спроведувањето на мировниот план од десет точки што го претстави Киев, со тоа што секоја од земјите ќе преземе одговорност за еден дел од него, изјави првата дама на Украина, Олена Зеленска.

Loading...

Таа се обрати на Светскиот економски форум во Давос, откако западните сојузници ги урнаа надежите на Украина за брза испорака на борбени тенкови, според Ројтерс.

Во интервју за швајцарскиот дневен весник Ноје Цирхер Цајтунг, Зеленска изјави дека многу животи се загубени бидејќи Западот не успеал да ѝ достави оружје на Украина за краток временски период за да ги порази руските сили, како и дека голем дел од уништена е инфраструктурата на земјата, но и дека се потребни и други форми на помош.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украински одред за саботажи: Во Русија влегуваме лесно. Убивме тројца и урнавме хеликоптер

„Планот оди подалеку од тоа, тој вклучува и судски барања како што е формирање на меѓународен суд за воени злосторства и дека воените затвореници можат да бидат вратени во Украина. Има улога за која секоја земја може да преземе одговорност“, рече првиот дама од Украина.

Планот, објавен во ноември на самитот на Г-20 од украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така повикува на помош во безбедноста на храната и енергијата и воспоставување механизми за спречување на ескалација на конфликтите во евроатлантската област.

Зеленска, исто така, најави дека брзата испорака на оружје ќе ја подобри способноста на Украина да победи во војната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американски конгресмени се залагаат дел од територијата на Украина да се предаде на Русија

За Украина тоа значи „да ја заштитиме нашата земја, нашите таленти и нашите деца“, рече Зеленска, додавајќи дека „границите на оваа војна се границите на Украина“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...