Зелена мачка – сензација во Бугарија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Неверојатна зелена мачка каква што досега не е видена предизвика големо внимание на јавноста. Несекојдневното животно кое е снимено во Варна, Бугарија едни ги исплаши, други ги загрижи, а трети пак се воодушевени од нејзиниот необичен изглед. Меѓутоа, луѓето се плашат дека мачката станала таква поради радијација.

Граѓаните на Варна имале разни теории како настанало ова чудо на природата. Одредени мислат дека таква е родена, други дека тоа е уметничко дело на човекот.

ЧУДО НА ПРИРОДАТА: Една мачка, а две лица (ФОТО)

Loading...

Некои се плашат дека таква станала поради храна која ја изела, а најголемиот страв е дека се променила поради радијација.

Објаснувањето, сепак е многу поедноставно, а до него дошле оние кои се сетиле да ја следат зелената мачка. Ја пронашле како спие во буре со боја.

Влакното на мачката е офарбано и не крие никаква мистерија. Луѓето ја искапеле и таа ја покажала својата сина боја. Но, тогаш се појавил друг страв. Што ако нешто и се случи ако лижела од бојата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Грчка водителка на временска прогноза која им го помати умот на гледачите (ВИДЕО)

Leave a Reply