Веќе во вторник се очекува пад на температурата, но и понатаму максималната низ земјава ќе се „држи“ над 30°С . Во голем дел од котлините во повардарскиот регион очекуваме максимална во границите од 30°С до 33°С, а на југоисток и до 35°С.
Веќе во среда се очекува пад на температурата за околу 5°С во северната половина од земјата и околу 3°С во јужниот дел. Максималната температура ќе достигне вредности околу 31°С во вардаскиот регион.
Четврток ќе биде најсвежиот ден оваа недела. Максималната температура во колтлините во севернатаи југозападната област ќе достигне вредности околу 25°С. Југоисточниот крај ќе биде малку потопол, но максималната ни таму нема да состигне 30°С.
Во петок се очекува мал пораст на максималната температура, за околу 2 до 3 целзиусови степени.
Во однос на временската состојба, позначителни врнежи може де се очекуваат во среда попладне во западниот и јужниот дел од земјава, додека во ноќта кон четврток врнежите ќе се рашират речиси на целата територијата од земјата. Од четврток попладне се очекува постепено разведрување.