Заврши санацијата на патеките во Соколански парк (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Паркот Соколана во Куманово повторно е отворен за граѓаните откако заврши санацијата на оштетените делови од подлогата, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.

Loading...

 

 

Компанијата „Интеко“ од Скопје на сопствен трошок изврши санација на подлогата во паркот која беше претходно оштетена, кратко по целосното реновирање на паркот.

 

 

Loading...

Претходно во рамките на реконструкцијата на Соколански парк целосно беше обновена урбаната опрема, а беше изградена и нова фонтана.

 

 

Додека траеше санацијата изминатите денови, паркот беше затворен, а сега граѓаните повторно можат да го посетуваат.

 

 

Loading...

 

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Куманово одбележани 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик (ФОТО+ВИДЕО)

 

 

Никола Ивановски

Loading...