Во Занаетчискиот дом во Куманово вчеравечер заврши фестивалот на гитарата „Гитаријада 2019“, во организација на „Art Attack“.
Чест да го отворат овој настан ќе им припадне на ку-рок ветераните кои специјално за оваа вечер ќе ги возобноват нивните бендови: Лектира, Ека Ника, Илинден, Берлински зид, Тумба…
Настапија повеќе бендови меѓу кои и: „Wardencliffe“ од Куманово, „Misantrope“ од Битола, „Cursed Heart“ од Куманово, „Inner Hate“ и „Halfgod“ од Кичево, „Zima Blue“ од Велес, „Fiction“ и „Ruststained“ од Скопје и „Rubin“ од Куманово.
Специјални гости на вечерта беа: „Мајдан“ од Србија, „Парампашчад и бубњеви“ од Црна Гора, „There“ од Србија и македонските „The three of us“.
Првата „Гитаријада“ во Куманово е одржана во 1967 година, а по повеќегодишната пауза вчеравечер беше завршна манфиестација за одбележување на 500-годишнот јубилеј од постоењето на градот.
Забавата траеше од 18:30 до 02:00 часот по полноќ.