Завршен е четиринаесеттиот спортски терен во Општина Куманово, информираше денеска преку социјалните мрежи градоначалникот Максим Димитриевски!
Во изминатите 4 години Куманово, како што потенцира Димитриевски доби спортски игралишта во училиштата ОСТУ „Наце Буѓони“, СОУ „Перо Наков“, СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, основните училишта „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“, „Вук Караџиќ и „Наим Фрашери“.
Спортско игралиште е изградено на Спомен Костурница, како и во близина на Спортската сала, каде исто така е поставено и 3х3 кошаркарско игралиште.
Мултиспорт игралишта со тартан подлога се изградени во населбата Коце Делчев, како и во селата Којнаре, Клечовце, Агино село, Романовце и Пчиња.
– Отпочна реконструкција на спортскиот комплекс Соколана каде веќе е реконструирано постоечкото спортско игралиште, следува реконструкција на објектот и партерно уредување на просторот околу објектот, информира Димитриевски.
Како што додава градоначалникот започната е и реконструкција на Спортската сала, каде веќе е реконструиран кровот, а се средува реконструкција на внатрешниот дел од салата и партерно уредување на просторот околу објектот.
Отпочната е и реконструкција на Градскиот парк во чии рамки веќе се гради и ново спортско игралиште.
Никола Ивановски